Намалувањето на платите, предизвикано од финансиската криза што го зафати фудбалскиот свет, не е единствениот проблем со кој се соочуваат фудбалерите на Баерн Минхен.
Германскиот великан годишно добива многу пари од спонзорите, еден од нив е и автомобилскиот гигант Ауди. Оваа компанија поседува осум отсто од акциите на клубот, а спонзор на Баерн е од 2006 година.
Спонзорскиот договор ги обврзува играчите да ги возат автомобилите шти ги добија од Ауди. Должни се да ги возат но најголем дел од фудбалерите не го прават тоа.
Пред неколку дена Џером Боатенг го искрши својот Мердецес, Роберт Левандовски вози Бентли, Кристијан Суле најчесто го вози своето Ферари.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ решил клубот да започне да ги казнува играчите кога ќе го прекршат правилникот.
Секогаш кога играч ќе биде фатен дека не вози Ауди ќе биде казнет со 50.000 евра.
Покрај со Баерн, Ауди имаат спонзорски договор и со Реал Мадрид но за разлика од Баварците фудбалерите на „кралскиот клуб“ го почитуваат договорот и ги возат спонзорските автомобили.