Холанѓанката Верона ван де Леур пред 18 години била една од најдобрите гимнастичарки во светот. Таа во 2002 година освоила едно злато и две бронзи на Светскиот куп во Штутгарт, на Светското првенство во Дебрецин освоила сребрен медал, а на Европското првенство во Патрас освоила пет медали, три сребрени и две бронзени.
Ван де Леур во 2002 година била прогласен за најдобра спортистка во Холандија, денес таа е ѕвезда на филмовите за возрасни. Подемот и падот таа го опишала во автобиографијата „Едноставно Верона“.
Поранешната гимнастичарка во интервју за „Сан“ опишала како се случил неверојатниот пресврт во нејзината кариера.
За парите што ги заработувала се грижеле нејзините родители, нејзина задача била само да се подготвува за освојување на медал на Олимписките игри во Атина 2004 година.
Нејзините сништа се урнале преку ноќ. Доживеала тешка повреда, а потоа открила дека нејзиниот татко потрошил 5.000 фунти во казино во Лас Вегас.
Решила да ги тужи родителите, а додека траел судскиот спор во 2008 година решила да ја прекине кариерата.
Судот пресудил во нејзина корист, родителите требало да ѝ исплатат 81.000 фунти. Нејзиниот татко тие пари ѝ ги исплаќал на рати, но додека почнал да исплаќа таа минала низ пекол.
Две години со своето момче таа живееле во автомобил.
„Имавме малку пари, бргу ги потрошивме. Мислевме дека во автомобилот ќе бидеме два-три дена, но тоа се оддолжи на две години. Кога ќе дојдеше зима беше ужасно. Не знаевме дали ќе се разбудиме, дали ќе преживееме“, рекал Верона.
Дното го допрела кога завршила во затвор. Фотографирала еден пар, побарала 1.000 евра за да не ја објави фотографијата.
„Кога побарав пари не ми дадоа, отидоа во полиција ме пријавија. Нешто подоцна ме уапсија. Сега тоа не би го направиле, но во тоа време ми требаа пари“.
Верона 72 дена минала зад решетки, а по излегувањето од затвор стапла во контакт со луѓе од порно-индустријата. Заедно со своето момче веќе осум години е во овој бизнис.
„Работата во оваа индустрија не беше одлука туки шанса. Не ми беше цел да го работам ова, но не мие гајле. Најпрвин имав договор како „веб-кам“ девојка, но по неколку месеци добив работа, со моето момче. Тој е мој фотограф и актер“, рекла за крај Верона ван де Леур.
Bir dönem Hollanda'nın yetiştirdiği en önemli sporcu olan Verona van de Leur'un hayatı, sporu bıraktıktan sonra resmen çöktü. Ailesi ile davalık olan, hapse giren ve sokaklarda kalan eski dünya şampiyonu, son olarak yetişkin film sektörüne girdi. pic.twitter.com/Trz7VR1yX0
— BBO Sports (@bbosports) March 31, 2020
Verona van de Leur (NED) #gymnasticshttps://t.co/0MVf325ctG
— lsovago (@lsovi) March 30, 2020