Top Sport

Гасол: Коби ме пречека во два часот наутро и ми кажа „ајде да ја освоиме титулата“

Пау Гасол, еден од најдобрите шпански кошаркари на сите времиња, се присетил на моментот кога бил трејдуван од Мемфис Гризлис во Лос Анџелес Лејкерс.

Гасол во февруари 2008 година пристигна во Лејкерс, тој подоцна ќе биде еден од клучните играчи во освојувањето на шампионските титули во 2009 и 2010 година.

„Откако го завршив медицинскиот преглед во Лос Анџелес и се приклучив на екипата која тогаш беше во Вашингон . Не требаше да го играм тој натпревар бидејќи немав можност да тренирам со тимот“, рекол Гасол и продолжил.

„Коби ми испраќаше пораки од моментот кога бев трејдуван. Ми кажа да дојдам во Вашинготн, дека сакал да ме види, да ми посака добредојде. Му одговорив дека тоа е во ред, но дека ќе биде доцна, дека ќе пристигнам околу 1.30 часот и дека можеме наутро да поразговараме. Тој ми врати: „Не доаѓам“.

„Дојдов, бев позитивно изненаден, ми кажа дека е возбуден што сум тука и дека сака да ја освоиме титулата. Во старт ми испрати порака каков е. Тука сме да ја освоиме титулата. Тука покажа каков лидер е“, завршил Гасол.

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари, со ЛА Лејкерс во кариерата освоил пет шампионски титули.

Scroll to Top