Top Sport

Игало ќе одбие 400.000 фунти неделно за да остане на „Олд Трафорд“?

Одион Игало најави дека ќе се обиде да комплетира постојан трансфер во Манчестер јунајтед и покрај тоа што тоа би значело откажување од фантастична плата од 400.000 фунти неделно во Кина.

 

Игало пристигна на „Олд Трафорд“ во последниот ден од јануарскиот преоден рок како позајмен фудбалер од Шангај Шенхуа, со што 30-годишниот Нигериец го оствари сонот од детството да го облече дресот на „ѓаволите“  и сега вели дека сака да „помине повеќе време“ во клубот.

 

„Однадвор не гледате колку е голем овој клуб, и тоа можете да го искусите само кога ќе бидете тука. Инспириран сум од насоката во која се движиме, од развојот на младите фудбалери и од многу други работи и едвај чекам да поминам повеќе време со клубот“, изјави Игало за официјалниот веб-сајт на Јунајтед.

Тој постигна четири гола во осум меча за „ѓаволите“ пред паузата во Премиер лигата поради корона вирусот.

Игало добил неверојатна понуда

 

 

Scroll to Top