Вербалната војна помеѓу Жозе Мурињо и Антонио Конте доби нова епизода иако и двајцата тврдеа дека повеќе нема да се препукуваат преку медиумите.
Манчестер јунајтед од 20:45 часот ќе го пречека Стоук во 23.коло во Премиер лигата, а на прес конференцијата пред мечот, Португалецот проговорил за неговата војна со зборови против Италијанецот.
„Кога јас ќе поттикнам караница тогаш ја преземам одговорноста, а тоа сму го напртравил многу пати во минатото. Кога тоа не го правам, тогаш е смешно кога другата страна се става во позиција на жртва. Сепак ќе признам дека јас не уживам во ова. Поради тоа ќе речам дека ова за мене е завршена работа“, рекол Мурињо.
„Да навистина јас некогаш ќе ја ‘забиберам’ работата. Но во неколку случаи тоа не беше така. Моја грешка беше кога го поткачив Раниери, но му се извинив. На крајот нашиот однос од лош стана многу добар. Јас сум господин и ми стана јасно дека згрешив“, заклучил Португалецот.
Инаку, Мурињо и Конте ќе се сретнат на теренот на 28.февруари кога е закажан дуелот на нивните тимови.