Златан Ибрахимовиќ нема да остане во Милан по завршувањето на сезоната, такви се јавите од Италија. Ибрахимовиќ има несогласувања со клупските челници поради одлуката да го отпуштат спортскиот директор Звонимир Бобан.
Неофицијално Милан му понудиле на Ибрахимовиќ фнкција во клубот, што значи дека доколку ја прифати ќе треба да ја заврши кариерата.
Како сега стојат работите тој нема намера да се пензионира барем уште една година. Бил подготвен да го напушти Милан но и понатаму да остане во Серија.
Не е познато каде би ја продолжил кариерата, една од опциите е Болоња каде тренер е големиот пријател на Ибахимовиќ, Синиша Михајовиќ.