Американскиот ММА борец Ајзеа Чепмен (30) бил убиен пред својот дом во градот Акрон. Од здобиените повреди Чепмен починал на патот кон болницата.
Чепмен кариерата ја започнал во 2009 година, а првиот професионален меч го имал три години подоцна.
Последниот настап го имал во Белатор во 2019 година кога бил поразен од Патрик Микс.
Во кариерата забележал девет победи и четири порази.