Top Sport

Македонија не ја пушта 68-та позиција на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација останува на 68-та позиција на ФИФА ранг-листа објавена денеска. На истата позиција нашата селекција беше и минатиот месец.

За првпат откако ФИФА ја спроведува ранг-листата на фудбалските селекции во целиот свет се случува да има само една промена меѓу сите 210 земји од еден до друг месец.

Пандемијата на Ковид-19 го диктира распоредот на фудбалските селекции на светско ниво.

Откако опасниот коронавирус владее, одиграни се само 4 меѓународни натпревари. Селекцијата на Јужен Судан е единствената селекција која напредуваше на ранг-листата, па сега се на 168-та позиција.

И понатаму врвот и припаѓа на Белгија, пред Франција и Бразил.

Во најдобрата „десетка“ има место и за Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Противникот на Македонија во полуфиналниот бараж од Лигата на нации, селекцијата на Косово е на 115-та позиција.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');