Поранешниот фудбалер на Барселона, Бразилецот Малком на необичен начин ја доби својата награда за фудбалер на месецот, откако Зенит Санкт Петерсбург организираа дрон кој му го донесе гонгот.
Фудбалерот од средниот ред беше еден од најдобрите фудбалери на Зенит по трансферот од Каталонија, добивајќи ја наградата за фудбалер на месецот во март во Руската Премиер лига. Бидејќи целиот тим е во карантин, наградата не можеше да му се донесе на нормален начин по што клубот малку се потруди.
„Добив порака дека треба да го отворам прозорецот“, вели Малком во видеото, по што се гледа дрон кој успеа да влезе во неговиот стан (и да го исплаши неговото куче) и да му ја донесе наградата.
„Ова беше перфектно. Благодарам на сите фанови на Зенит кои гласаа за мене. Пресреќен сум. Останете дома, тоа е многу важно“, вели Малком.
A special message from Malcom #StayHome pic.twitter.com/244bH5EHAY
— FC Zenit in English? (@fczenit_en) April 10, 2020