Крис Смолинг беше доведен на позајмица во Рома до крајот на сезоната, од редовите на Манчестер Јунајтед.
На почетокот се мачеше со повреда, но потоа заблеска во Серија А, па до прекинувањето на сезоната имаше 28 настапи за „волчицата“, беше редовен во екипата на Пауло Фонсека.
Во јануари челниците на Рома почнаа преговори со „ѓаволите“ за откуп на неговиот договор и се чинеше дека со сигурност Смолинг ќе остане на „Олимпико“.
Сепак, пандемијата на коронавирусот драстично ги промени и состојбите во римскиот клуб.
Сезоната е прекината, а финансиските проблеми во клубоввите се големи, па кај „волчицата“ веќе не се во можност да го откупат договорот на дефанзивецот, пренесуваат англиските и италијанските медиуми.
Од Јунајтед за него бараат околу 28 милиони евра, пари кои во моментов Рома не може да ги плати.