Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е подготвен да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија до 2021 година, пренесуваат италијанските медиуми.
Буфон, кој минатото лето се врати во Торино по една се сезона помината во редовите на ПСЖ, нема проблем да му биде замена на првиот голман, Војчех Счесни.
42-годишниот легедарен италијански чувар на мрежата одлучи да го продолжи договорот со „Старата дама“.
Актуелнава сезона која моментно е прекината поради пандемијата на коронавирусот одигра 11 меча, на кои прими само 9 гола, додека на 3 меча неговата мрежа беше недопрена.