Top Sport

Италијанска параолимпијка го предизвика Роналдо (видео)

Италијанската параолимписка шампионка во мечување, Беатриче Марија Аделаиде Марција Вио, попозната како Бебе Вио, го прифати повикот на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за предизвици за вежбање, овојпат со нејзина шема за тренирање.

23-годишната Бебе Вио овојпат за 45 минути повторува вежба во која ги крева своите вештачки нозе и ги истегнува рацете меѓу протезата. Италијанката инаку е „шампион“ по надминувањето на пречките, откако и се ампутирани двете нозе и двете раце!

Овој предизвик доаѓа откако Роналдо прво ги предизвика спортистите и фановите да го подобрат неговиот рекорд од 142 стомачни вежби за само 45 секунди. Иако повеќе спортисти се обидоа, како фудбалерите Ансу Фати, Винисиус Жуниор, Бруно Фернандеш, само јужноафриканската олимписка шампионка на 800 метри, Кастер Семенја го победи со 176 вежби за 45 секунди.

Семенја го „смачка“ рекордот на Роналдо и му порача: Ѕверот барем се обиде! (видео)

Scroll to Top