Иван Ракитиќ е главна тема во денешното издание на „Мундо Депортиво“. Од својот дом хрватскиот репрезентативец одговорил на прашањата. Ракитиќ не сака но по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. Наводно, Барселона за него ќе бара 20 милиони евра.
32 годиншниот фудбалер во интервјуто открил дека нема намера да биде дел од пакетот со кои Барселона ќе се обде да дојде до Лаутаро Мартинез од Интер или Нејмар од ПСЖ.
Тој потенцира дека поради сејмеството сака да остане во Шпанија и дека тој, а не клубот ќе одбере каде ќе игра во иднина.
„Свесен сум каква е ситуацијата и каков е мојот статус, но јас не сум вреќа со компир па да прават со мене што сакаат. Ќе одам таму каде што ќе ме сакаат и почитуваат. Доколку тоа е Барселона, тоа ќе биде одлично, доколку не е така, тогаш ќе одам онаму каде што сакам јас, а не каде што сакаат да ме испрата. Веќе им кажав на сите во клубот дека нема да трпам такво однесување“, рекол Ракитиќ.