Украинскиот тенисер Сергеј Стакховски открил дека во 2009 година му било понудено да намести меч на Австралија опен. Стакховски во првото коло за противник го имал Арно Клеман од Франција.
„Тогаш ми понудија 100.000 долари да бидам поразен во првото коло. Беа двајца луѓе кои биле поддржани од „инвеститори“. На крајот навистина загубив иако водев со 2:1 во сетови. Доколку некој од тие двајца беше таму додека го напуштав теренот ќе го удрев со рекетот“, рекол Стакховски.
Тој открил дека веднаш по мечот ја известил Единицата за интегритет во тенисот.
„Ме прашаа кои беа луѓето, а јас им одговорив: „Дали вие можете да го заштитие моето семејство? Тие луѓе со пиони, луѓето што стојат зад нив се опасни, а целото мое семејство е во Украина“.
Стакховски шет пати во кариерата играл во третото коло на некој од грен-слем турнири, бил на 31 место на АТП листата, а најголемата победа ја остварил во 2013 година кога на Вимблдон во второто коло забележал победа над Роџер Федерер.