Младиот фудбалер Едвин Еспиноза бил застрелан во дворот на семејниот двор во еквадорскиот град Гујакил. 20 годишниот играч на Гујакил сити починал на самото место од здобиените повреди.
Еспиноза тренирал во дворот на семејната куќа за да ја одржи формата додека трае изолацијата, кога му се доближиле разбојниците, а по куса расправија тие пукале во него.
Медиумите во Еквадор пишуваат дека Еспиноза бил застрелан по грешка и дека тој не бил мета на засега непознатите напаѓачи.
„Го убиле по грешка. Тоа трагедијата ја прави уште поголема. Еспиноса го почитуваа сите во клубот. Го знам од дете кога дојде во нашиот клуб. Тој не бил метата, го убиле по грешка“, рекол спортскиот директор на клубот Карлос Франко.