Top Sport

„Марка“: Реал ги купува најдобрите млади напаѓачи во светот

Во периодот на пандемијата со коронавирусот кога клубовите чувствуваат сериозни финансиски последици најчитаниот шпански весник „Марка“ открива дека Реал Мадрид има супер-амбициозен план за овој и наредниот преоден рок.

Според овој извор на „Сантијаго Бернабеу“ биле подготвени да ги донесат Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

„Марка“ тврди дека за неколку месец во Реал од Борусија Дортмунд, за сума од 75 милиони евра ќе пристигне сензационалниот Норважанец Халанд.

Највредниот трансфер Реал ќе го реализира наредното лето кога на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне Мбапе.

Не е познато колкава сума ќе треба да издвои Реал за францускиот напаѓач, но се претпоставува дека ќе платат помалку од 180 милиони евра колку што изнесуваше трансферот на Мбапе во Пари Сен жермен.

Договорот на Мбапе со Пари Сен Жермен истекува во јуни 2022 година, наредното лето е последниот рок кога „светците“ ќе можат да заработат сериозна сума од неговиот трансфер.

Последните информации од Франција говорат дека Мбапе нема намера да потпише нов договор со ПСЖ.

Scroll to Top