Top Sport

Раниери: Каква одлука и да донесат ќе настане хаос

Италијанските медиуми вчера најавија дека фудбалерите ќе започнат со тренинзи на 4 мај и дека натпреварите до крајот на годината ќе се играат пред празни трибини.

Тренерот на Сампдорија Клаудио Раниеро говорел за ситуацијата на Апенинскиот полуостров. Тој смета дека секоја одлука што ќе биде донесена, а која ќе биде поврзана со продолжувањето на сезоната ќе предизвика хаос.

„Имавме неколку играчи кои беа заразени, фала му на Бога тие сега се здрави тренираат колку што можат. Ова првенство нема да биде исто доколку продолжи. Верувам дека треба да се игра и дека тоа е вистинско решенија за фудбалот, но јасно е дека секоја одлука ќе предизвика хаос бидејќи никој не знае како сето тоа ќе функционира“, рекол раниери.

Самдорија со натпревар помалку од конкурентите има 26 поени и се бори за опстанок.

Scroll to Top