Top Sport

Пред четири години Коби ѝ кажа „збогум“ на кошарката (Видео)

На денешен ден во 2016 година Коби Брајант го одигра последниот натпревар во кариерата.

Пред точно четири години Коби на прошталниот меч против Јута Џез постигна 60 поени. Никој пред и после Коби не постигнал толкав број на поени на прошталниот меч.

По завршувањето на натпреварот Коби им се обрати на навивачите во Стејплс центарот, НБА лигата, соиграчите, семејството, а на крајот ги кажа легендарните зборови.

„Mamba out“.

Коби Брајант на 26 јануари 2020 година загина во хеликоптерска несреќа. Ќе биде запаметен како еден од најдобрите во историјата на кошарката.

Scroll to Top