Новите фудбалски херои од Белорусија, ФК Слутск добија и нови навивачи од западна Европа, откако нивниот дефанзивец Егор Семенов ја доби својата награда за најдобар играч изминатата недела од две манекенки во бизарна облека.
Семенов беше изгласан за најдобар играч во 4. коло во Белоруската премиерлига по 1:1 ремито со Витебск, и наградата само го потврди статусот на миленици кај публиката која зборува англиски која веќе ги засака поради името на клубот – Slutsk – slut – на англиски курва.
Семенов беше пресреќен од наградата и прати порака до фановите од целиот свет.
„Секако, поддршката која ја добиваме е интересна, но жалосно е што ова се случува поради пандемијата. Би сакал фановите да не гледаат во мирно и здраво време“, вели Семенов.
This is, naturally, how defender Yegor Semenov of FK Slutsk was presented the Belarusian Premier League’s player of the week award. pic.twitter.com/lYnbMAczoe
— Danny Armstrong (@DannyWArmstrong) April 13, 2020
Highlights. Slutsk – Vitebsk
Belarus Premier League. Matchday 4. FC Slutsk – FC Vitebsk – 1:1.
Goals: 0:1 – Nicolaescu (31), 1:1 – Sirima (62).https://t.co/uzGoWbCoO8
— ABFF | Belarus Premier league, Belarusian cup (@BelFootFeder) April 11, 2020