Францускиот фудбалер Пол Погба како 19-годишник го напушти Манчестер Јунајтед разочаран од статусот и премина во редовите на „Старата дама“ во Торино. По 4 години повторно се врати во Манчестер, тогаш како најскап фудбалер во историјата.
„Мајка ми секогаш ми велеше дека ќе се вратам дома. Знаеше дека ќе се вратам во Манчестер. Бев пресреќен кога се вратив и сакав на сите да им покажам колку вредам. Тогаш не бев млада надеж, туку проверен играч“ – изјави Погба.
Тој се присети на периодот поминат во Торино, а откри и на кој играч му се воодушевувал.
„Учиш од сите играчи со кои играш, Андреа Пирло е играчот на кој му се воодушевував. Го гледав што прави на тренинзите и се обидував што повеќе да научам“ – вели Погба.
Тој и во Јунајтед имал од кого да учи.
„Во Јунајтед тоа беше Пол Сколс. Кога ќе добиев можност да тренирам со првата екипа, само го следев Сколс и се обидував да ги правам истите работи. Од нив двајца многу научив“ – рече Французинот.