Поранешниот потпретседател на Барселона, Емили Русод е подготвен да оди во „легална битка“ со претседателот Жосеп Марија Бартомеу, велејќи дека „корупцијата е очигледна“ на „Ноу Камп“ и посочи дека кривичната тужба која ја најави клубот кон него е само обид да се уништи неговата репутација.
Русод, заедно со уште пет члена на бордот на клубот, неодамна си поднесоа оставки протестирајќи против водството на клубот во време на криза. Најголем проблем беше скандалот со социјалните медиуми, или „Барсагејт“ како што го нарекоа шпанските медиуми, со кој наводно Бартомеу ангажирал компанија да го подобри неговиот имиџ и да напаѓа лично сегашни и поранешни членови на клубот, вклучувајќи ги и Пеп Гвардиола и Лионел Меси.
По оставката, Русод обвини дека некој „крадел“ од Барселона, посочувајќи дека е платена сума многу повисока од вообичаената за оддржување на социјалните мрежи, со што некој ја ставил разликата в џеб. За ова постои надворешна истрага чии резултати се очекуваат во следните недели.
Русод во соопштение до „Ел мундо депортиво“ влегува со нови обвинувања кон Бартомеу:
1.Постоењето на корупција во клубот е очигледно преку договорите на компаниите кои ги водат социјалните мрежи, бидејќи исплатата е направена во рати за да се избегне внатрешна контрола.
2.Изјавите кои јас ги дадов за оваа тема се вистинити и целосно потврдени, што ми дава за право да ја отфрлам тужбата.
3.Кога на клубот ги посочив нерегуларностите, морав да заминам. Сите имаме обврска јавно да ги објавиме нелегалностите кои може да се криминал.
4.Си го заддржувам правото да се бранам пред легалните органи за овие лажни обвинувања. Се работи за лична чест и мојот адвокат ќе го води тимот.
5.Никогаш не сум се сомневал во чесноста на нашиот клуб и неговите вработени. Почестен сум што можев да служам на Барса и да се сретнам со луѓе кои работат професионално.
6.Мојата намера постојано беше да се биде транспарентен и чесен.
Досегашниот потпретседател на Барса обвинува: Некој крадеше од клубот
Барселона со кривична пријава против експотпретседателот кој ги обвини за крадење