Top Sport

УФЦ се враќа на 9 мај со фантастични борби!

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт објави дека одложеното шоу УФЦ 249 ќе се врати на 9 мај со фантастичен распоред на борби, откако под притисок на „ЕСПН“ и матичната компанија „Дизни“ беше приморан да се откаже од плановите за борби овој викенд  на „индијанска територија“ во Калифорнија.

Локацијата за следното шоу засега е непозната, но Вајт останува сигурен дека „шоуто мора да продолжи“ и дека на 9 мај ќе има борби, нешто што секако го посакуваат сите фанови. Меѓу најавените борби тука е „заменската“ борба Тони Фергусон-Џастин Гетџи, пресметка за титулата во бантам категорија меѓу Хенри Кехудо и Доминик Круз, мечот Аманда Нуњез-Фелисија Спенсер, како и тешкашката борба Френсис Нгану-Жаирзињо Розенстрајк.

Потенцијална локација за мечот може да биде Флорида, откако оваа американска држава неодамна ги прогласи вработените во спортските натпреварувања и ТВ-продукцијата во „есенцијални услуги“ со што им се дава дозвола да ја вршат својата работа со одредени заштитни мерки.

ПРЕДВИДЕНИ МЕЧЕВИ НА УФЦ 249

Тони Фергусон – Џастин Гетџи

Хенри Кехудо – Доминик Круз

Аманда Нуњес – Фелисија Спенсер

Френсис Нгану – Жаирзињо Розенстрајк

Џереми Стивенс – Калвин Катар

Доналд Серон – Ентони Петис

Грег Харди – Јорган де Кастро

Алексеј Олејник – Фабрисио Вердум

Карла Еспарза – Мишел Вотерсон

Хакаре Соуза – Јураја Хол

Висенте Луке – Нико Прајс

Чарлс Роса – Брис Мичел

Scroll to Top