Француската Лидл старлига потврди дека сезоната 2019/20 е официјално завршена по состанокот на националната федерација, а Пари Сен-Жермен е прогласен за шампион.
Федерацијата одлучи да се откажат последните осум кола од шампионатот, како и Фајнал фор турнирот од Лигашкиот куп кој требаше да се оддржи уште во март, откако во понеделникот претседателот Емануел Макрон ги продолжи мерките за забрана на масовно собирање до средината на јули.
ПСЖ имаше шест поени предност пред Нант, и со тоа обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите. Нант, Ним, Монпелјхе и Тулуз се квалификуваа за европските натпреварувања (Ц2), но се очекува Нант да добие покана за ЛШ. Оваа сезона нема да има испаѓање, а два нови клуба, Сесон-Рен и Лимож ќе се приклучат на елитата.