Top Sport

Баерн со чуден „изум“ на тренинзите

Баерн Минхен како и повеќето бундеслигашки тимови се врати на тренинзи, секако со почитувањето на мерките за заштита во група од пет фудбалери (на далеќина од 1.5 метри), а клубот им приреди чудно изненадување – огромна „мета“ за пикадо каде што ја тренираа прецизноста.

Голманите Мануел Ноер и Свен Улрајх имаа први шанса да се обидат со огромната мета на сончев ден во Баварија, а потоа им се приклучија и Левандовски, Тијаго, Милер и Гнабри. Тренерот Ханси Флик беше задолжен да ги собира топките од метата со мрежа.

Според шефот на Бундеслигата, Кристијан Зајферт, планот е лигата да се рестартира на почетокот на следниот месец, иако за тоа ќе има посебен состанок на 30 април.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');