Top Sport

Шпанија со план за прекин на сезоната – Атлетико во Лига Европа?

Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) има план да ги додели местата во Лигата на шампионите и Лига Европа според сегашната состојба на табелата доколку Ла лига не успее да се комплетира, што би значело дека гигантот Атлетико Мадрид би играл во Лига Европа, тврди „ЕСПН“.

Тимот на Диего Симеоне во моментов е на шестото место на табелата на 11 кола пред крајот. Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад би се квалификувале за Лигата на шампиони, додека Атлетико  и Хетафе би биле пратени во Лига Европа. Третото и последно место во Лига Европа, доколку не успее да се одигра финалето од Копа дел Реј меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад би отишло кај највисокопласираниот финалист кој не е во топ 6, а тоа би бил Атлетик.

Овој предлог не бил добро прифатен од Ла лига, организаторот на шампионатот, кој нема најдобри односи со РФЕФ, иако на крајот федерацијата го има конечниот збор.

Scroll to Top