Top Sport

Погба или Сунес? Одлучете сами (видео)

Еден навивач на Манчестер јунајтед реши да направи видео-споредба помеѓу Пол Погба и Греем Сунес по војната на зборови кои изби меѓу двајцата, која го покажува шкотскиот капитен на Ливерпул во брутално издание.

Сунес како ТВ-коментатор постојано го критикуваше залагањето на Погба, пред Французинот конечно да одговори оваа недела со „боцка“ дека не знаел кој бил легендарниот фудбалер на Ливерпул, за на крајот Сунес да му одговори да си ги пребројат трофеите кои ги освоиле.

Сега со интересно видео, навивачот на Јунајтед го прикажува Сунес во брутално издание, пред да се префрли на најдобрите потези на Погба – контрола на топката, асистенции и нафрлања.

Иако е тешко да се споредува играта во две различни фудбалски ери, мора да се признае дека дел од стартовите на Сунес се брутални.

Погба му одговори на Сунес: Кој е тој? Некој фудбалер?

Scroll to Top