Европската фудбалска унија (УЕФА) ја разгледува можноста финалето во Лигата на шампионите да се одржи на 29 август, објави „Сзкај Спортс“. Првично финалето беше закажано за 30 мај на стадионот „Атататурк“ во Истанбул. .
Засега нема конкретни ставови на кој начин би продолжиле натпреварите во Лигата на шампионите. Се шпекулира дека би можел да се одигра мини-турнир во главниот град на Турција.
Инаку, поради коронавирусот Лигата на шампионите е прекината во осмина-финалето. Четири екипи (ПСЖ, Атлетико, Аталанта и Лајпциг) изборија пласман во четврт-финалето, а за да се комплетира оваа фаза треба да се одиграат реваншите: Манчестер сити-Реал Мадрид, Баерн-Челси, Јувентус-Лион и Барселона-Наполи.
Кога станува збор за Лига Европа, можен датум за одигрување на финалниот меч е 26 август.