Top Sport

Противникот на Вардар го распушти тимот

Ракометниот клуб Пик Сегед го распушти тимот откако ЕХФ донесе одлука завршниот турнир во Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020 да се одигра на 28 и 29 декември. Пик Сегед во осмина-финалето требаше да се сретне со Вардар.

Ракометниот сојуз на Унгарија пред неколку дена реши да го прекине првенството, што значи дека играчите повеќе немаат обврски кон клубовите.

Планот на ЕХФ е на завршниот турнир во Лигата на шампионите да играат тимовите кои фазата по групи ја завршија на првите две места, во А групата тоа беа Барселона и ПСЖ, а во Б групата Кил и Веспрем.

Scroll to Top