Top Sport

Бенатија: Пеп е голем тренер, но е никаков во човечките односи

Мароканскиот дефанзивец Мехди Бенатија вели дека не е возможно да не си импресиониран од тренерските способности на Пеп Гвардиола, но додава дека неговото градење на меѓучовечки односи било ужасно, со што Јувентус не морале да го убедуваат да замине од Баерн Минхен.

32-годишниот Бенатија, кој помина три сезони во Баерн од 2014 до 2017, вели дека Гвардиола едноставно не знае да гради човечки односи со неговите фудбалери.

„Тактички, тој е најдобриот тренер на светот, бидејќи едноставно не можам да видам подобар од него. Но, не ми се допаѓаше воопшто тоа какви беа односите со фудбалерите, и тоа не ме импресионираше“, вели Бенатија за порталот „Гол“.

Шпекулациите го поврзуваа Гвардиола со местото во Јувентус, но Бенатија не гледа причина „бјанконерите“ да го сменат Маурицио Сари.

„Можеби има вистински профил за Јуве, но според мене, Сари има фантастични идеи за фудбалот. Оваа година можеби беше компликувана, но секогаш е потребно време. Не мислам дека бараат нов тренер“, вели Бенатија.

Scroll to Top