Top Sport

Ф1 сезоната ќе стартува во Австрија на 5 јули?

Последниот план за старт на Формула 1 шампионатот 2020 е на „кратки патеки“ да се стартува со Австриското ГП на Ред бул ринг на 5 јули, по што би се оддржале две Британски ГП трки на легендарниот Силверстоун, објавува „Би-би-си“.

Според британскиот извор, во четвртокот се оддржал видео-состанок меѓу тимовите, ФИА и „Либерти медија“ на кој се разговарало за плановите за „спас“ на сезоната, но само на кратки патеки.

Австрија неодамна почна со планот за „попуштање“ на мерките за ограничување на движење, што значи дека во Шпилберг на 5 јули може да се оддржи трка без публика. По ова тимовите би отпатувале за Англија, каде што во Силверстоун би се возеле две трки без публика, а причината за оддржување на две трки е едноставна – прво тимовите ќе заштедат на патување, а исто така ќе се доближат до бројката од 10 трки во една сезона, кои се потребни за сезоната да се брои за светскиот шампионат.

Scroll to Top