Легендарниот ас на Барселона, Шпанецот Андрес Иниеста тврди дека шпанскиот фудбалски шампион веќе никогаш нема да има генерација како неговата, но сепак верува дека некој нов тим ќе ги повтори истите резултати.
„Таква генерација веќе никогаш нема да се повтори, но тоа не значи дека Барселона нема да биде така јака. Ние бевме момци од школата на Барса, неверојатно е што така се собравме“ – вели Иниеста.
Играчот од средниот ред составуваше одличен тандем заедно со Чави Ернандес и со актуелниот капитен на тимот, Лео Меси, а од школата на клубот во тој период играа и Карлес Пујол, Џерар Пике и Серхио Бускетс.
Иниеста во 35-тата година ги брани боите на јапонски Висел Кобе.
„Моментно размислувам како да ја продолжа кариерата, затоа што уживам во фудбалот. Имам договор до 2021, мотивиран сум, сакам да играм. Еден ден, нормално, сакам да се вратам во Барса, не знам во која улога, ама би сакал“ – вели Иниеста.
Споменатата генерација на Барселона, од 2005 до 2015 година освои 4 пехари во ЛШ, 7 титули во Шпанија и под водство на Пеп Гвардиолаго лансираа популарниот „тика-така“ фудбал.