Поранешниот ракометар на Вардар и на Металург, Хрватот Лука Циндриќ (26) стана татко. Тој и неговата девојка Лара Стипетиќ станаа родители, на свет дојде нивната ќеркичка, Алиса.
„Вакви тестови вселената им дава само на најсилните. Алиса, добро ни дојде на овој убав свет“ – напиша гордиот татко на фотографијата на ќеркичката на социјалните мрежи.
Следуваа коментари со честитки со најубави желби за новопечените родители.