Поранешниот НБА кошаркар, Реј Ален изјави дека добивал смртни закани кога ги напуштил Бостон Селтикс. Тој е дел од последната шампионска генерација на Селтикси, но Масачусетс го напушти при не баш добри односи со првите ѕвезди на тимот.
„Имаше многу проблеми во Бостон кои никој не успеваше да ги реши и си заминав како слободен агент. Гарнет и Пирс ме исфрлија од „големата тројка“ и откако заминав, секогаш зборуваа лошо за мене, иако јас никогаш не сум рекол ништо лошо за нив. Заедно постигнавме многу и некои зборови искрено многу ме заболеа“ – реле Реј Ален.
Кевин Гарнет ќе добие свечена церемонија по повод повлекувањето на неговиот дрес и заминувањето во Куќата на славните, а тренерот Док Риверс рече дека се надева оти и Ален ќе дојде на тој настан.
„Искрено, не знам дали ке отидам. Поминаа 9 години откако го напуштив Бостон и тогаш доживеав многу непријатнсти со навивачите, добивав дури и смртни закани. Така да морам прво да разговарам во Кевин за тоа“ – рече Ален.
Инаку, тој потоа настапуваше за Мајами Хит, екипа со која исто така стана шампион.