Манчестер јунајтед бараат „супер-фан“ кој би ги водел социјалните мрежи на клубот со плата од 100.000 фунти годишно, јавува „Дејли мирор“.
Според весникот, „ѓаволите“ бараат шеф на социјалните мрежи кој ќе треба да биде одговорен за комуникацијата со 1.1 милијарди фанови кои ги има англискиот гигант на Интернет.
„Потребен е некој кој е оспседнат со податоци, но и со нови и интересни начини да се поврзат со фановите. Ова е уникатна можност за водење на еден од најголемите социјални мрежи“, се вели во огласот на Јунајтед.
Според весникот, вработениот нема да може да ги контролира социјалните мрежи на фудбалерите, но ќе има улога да ги предупредува за своите одговорности – посебно да не се фалат со своето богатство за време на светска криза.