Фудбалерите на Челси се договориле за намалување на платата од 10 отсто меѓу себе, пред Цезар Азпиликуета да им прати СМС порака на шефовите на клубот.
Според „Дејли мејл“, по преговорите со генералниот менаџер на клубот, Марина Грановскаја, односите во клубот останале „пријателски“, пред фудбалерите да се договорат преку „Ватсап“ за намалувањето на плата од 10 отсто, која би била актуелна до септември.
Ова е сличен договор каков што склучија фудбалерите на Арсенал, кои ќе добиваат 12.5 отсто помала плата, додека Вотфорд пак, се договорија за драстично намалување од 30 отсто.
„Сините“ претходно беа пофалени од британските медиуми за своето однесување за време на кризата, откако понудија бесплатни хотелски соби на вработените во три болници во близина на „Стемфорд бриџ“, бесплатни оброци за здравствените работници, додека фудбалерите придонесоа во кампањата на капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон за помош на НХС системот.