Top Sport

Јарни: Не знам со кого Црвена звезда договарала, со мене сигурно не

Поранешниот репрезентативец на Хрватска Роберт Јарни вели дека никогаш не постоел договор за негов трансфер во Црвена звезда. Тој го демантира поранешниот тренер на црвено-белите Љупко Петровиќ кој пред неколку дена изјави дека клубот по освоената титула во Купот на шампионите во 1991 година ги договорил трансферите на Роберт Јарни и Давор Шукер.

„Поради оваа изјава на Љупко Петровиќ три дена ми ѕвони телефонот. Морам да признам дека не ја видов изјавата се додека не ја пратија на мобилниот телефон. Едноставно не можам да разберам зошто Петровиќ го изјавил тоа кога тоа не е вистина. Со мене за трансфер во Црвена звезда никој и никогаш не разговарал, никој не ме прашал дали би сакал таму да играм. Не разбирам на кого Црвена звезда му дала капар за моите услуги. Навистина не знам“, рекол Јарни за „Слободна Далмација“.

„Јарни и Шукер во ’91 веќе беа играчи на Црвена звезда“

Scroll to Top