Top Sport

„Јарни и Шукер во ’91 веќе беа играчи на Црвена звезда“

Љупко Петровиќ тренерот на најсилната генерација во историјата на Црвена звезда која во 1991 година стана европски првак сподели интересна приказна од тоа време.

„Се имавме договорено со Давор Шукер и Роберт Јарни, тие требаа да дојдат во Црвена звезда во летниот преоден рок во 1991 година. Исто така блиску бевме до договор со Славиша Јокановиќ. Со тимот што го имавме и со тие тројца фудбалери гарантирам дека ќе бевме незапирливи во Европа. Исто така во гарантирам дека ќе го повторевме успехот од Бари. Меѓутоа почна војната и сѐ пропадна“, изјавил Петровиќ во интервју за „Данас“.

Овие детали ќе ги има во книгата што ја пишува Петровиќ по повод 30 годишнината од европската титула на Црвена звезда. Во книгата тој открива како требало да изгледа тимот во сезоната 1991/1992.

Војната на крајот наместо во Белград го однесе Шукер во Севилја, а Јарни во Бари.

Scroll to Top