Поранешниот сопственик на Формула 1 Еди Џордан (72) не се согласува дека Михаел Шумахер е најдобриот возач во историјата на „најбрзиот циркус“.
„Без сомнение Михаел имаше неверојатен талент. Меѓутоа тој не беше тимски играч.Еди Ирвајн, Рубенс Барикело или некој друг секогаш мораа да бидат број 2, секогаш мораа да потпишат дека ќе бидат позади Шумахер“, рекол Џордан.
„Михаел беше навистина неверојатен возач, голем талент, но тоа беше и Аиртон Сена. Мојот одговор на прашањето кој е најдобриот е Алан Прост“.
Еди Џордан смета дека актуелниот светски првак Луис Хамилтон има шанси да стане најдобриот на сите времиња.
Инаку, Михаел Шумахер од 29 декември 2013 година се наоѓа во кома поради несреќата што ја доживеа на скијање во француските Алпи. Веќе две години тој се наоѓа во својот дом во Женева, семејството не дава информации околу неговата здравствена состојба.