Top Sport

„Бразилецот Роналдо е подобар од Португалецот Роналдо“

Кристијан Виери некогашниот напаѓач на Интер смета дека Бразилецот Роналдо бил подобар играч од актуелната ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо. Виери во минатото бил соиграч во Интер со оригиналниот Роналдо.

Виери бил фасциниран од техничките квалитети кои Роналдо ги демонстрирал на тренинзите и натпреварите.

„Голем пријател сум со Роналдо, имав среќа бидејќи тој ми бешеколега во нападот. Имаше буквално сѐ. Експлозивен, јак, брз. Делуваше како да танцува со топката. Би рекол дека Базиелцот Роналдо е подобар фудбалер од Португалецот Роналдо“.

„Кристијано Роналдо е воена машина. Прекрасен е поради она што го направиле и што се уште го прави. Кристијано може да игра до 40 година и тоа со цигара во устата како што велиме ние во Италија. Неверојатно е граден“, заклучил Виери.

Scroll to Top