Top Sport

Без публика во Ла Лига до 2021 година

Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас синоќа одржал состанок со челниците на клубовите од Примера и Сегунда. Тебас ги информирал челниците на клубовите за одржаниот состанок со Телото за спорт и претседателот на Фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес.

Шпнаските медиуми немаат многу информации за она што се говорело на состанокот, само шпекулираат дека била донесена одлука околу продолжувањето на тековната сезона.

Планот е до крајот на годината натпреварите да се играат зад затворени врати. Тебас ги предупредил претседателите на клубовите да подготват буџети за наредните неколку месеци. Планираниот минус според Тебас би бил околу 350 милиони евра, што е подобра опција доколку сезоната биде прекината.

Според некои пресметки доколку сезоната биде прекината минусот би бил една милијарда евра.

Клубовите ќе мора да направат стратегија за преостанатите 11 кола оваа сезона, а за наредната веројатно ќе мора да ги намалат цените на сезонските билети.

Scroll to Top