Top Sport

Бундеслигата се враќа на 9 мај

Фудбалската сезона во Германија, без публика и со максимално 300 луѓе лица на стадионите, ќе продолжи на 9 мај, објави „Шпигл“. Одо овој медиум имале можност да го висат документот составен од Фудбалскиот сојуз на Германија во соработка со здравствените власти.

Документот напишан на 41 страница содржи правила кои ќе овозможат фудбал да се игра на стадионите од 9 мај.

Во безбедносниот протокол се опишани планираните мерки за заштита. Натпреварите ќе се играат без публика. Тимовите нема заедно да излегуваат на теренот, нема да ракување пред почетокот на мечот, а забранети се и групните фотографии. Контролирано ќе биде и медиумското следење со ограничен број на новинарски места. Строги правила ќе владеат и во хотелите во кои ќе се сместуваат тимовите.

Scroll to Top