Поранешниот член на РК Вардар, Алекс Душебаев не ја криеше разочараноста од поразот на Шпанија од Данска (22:25), но посочи дека шпанската репрезентација мора да мисли само на следниот меч против Македонија, во кој Душебаев ќе се соочи со доста познати лица.
„Не успеавме да сврземе две-три позитивни акции. Кога беше израмнето не ги искористивме нашите шанси. Кога бевме добри во нападот, бевме слаби во одбраната и обратно. Ни недостасуваше повредениот Агинагалде, но можеме да ги победиме сите. Сепак, шампионатот е отворен и затоа не можеме да калкулираме. Сега, мораме да мислиме само на Македонија и да одиме на победа“, вели Душебаев, кој помина четири години во Вардар.
Македонија ја отвара втората фаза со дуелот со Шпанија в недела во 20.30 часот.
Да внимаваме! Здрахала им донесе на Чесите втора рунда (видео)