Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, деновиве е актуелен во јавноста поради документарниот фил „Последниот танц“. Филмот во десет епизоди раскажува за последната сезона на Џордан во шампионскиот тим на Чикаго Булс.
Џордан, неговите соиграчи од тоа време и ривалите откриваат интересни детали. Ем-Џеј е е сигурен дека во игра „еден на еден“ би ги победил сите, исклучок бил само Коби Брајант.
„Не би изгубил од ниту еден друг кошаркар, исклучок е Коби Брајант бидејќи тој ги краде моите потези“, рекол Џордан.
Ем-Џеј и Коби имале можност да играат еден против друг кон крајот на 90 години од минатиот век. Џордан ги добивал дуелите против младиот Брајант.
Она што е сигурно е дека имињата на Џордан и покојниот Брајант засекогаш ќе бидат запишани во кошаркарската историја.