Top Sport

Романците сезоната ќе ја завршат во Анталија?

Сезоната во фудбалскиот шампионат на Романија би можела да биде завршена во Турција. Медиумите во оваа земја тврдат дека сопствениците на клубовите на последниот состанок нашле неверојатно решение како да ја завршат сезоната. Два месеци клубовите би се престојувале во Анталија каде би ги одиграле последните осум кола.

Клубовите најпрвин би имале две недели за подготовки, а потоа би ја продолжиле сезоната која би завршила во јули.

Фудбалерите би биле изолирани во хотелите во едно-креветни соби. Целиот проект од сместувањето, преку превозот и изнајмувањето на стадионите според нивните проценки би чинел два милиони евра.

Хотелите во Анталија во овој период од годината се речиси празни. Најголем дел од нив имаат тренинг-центри. Проблем е само што дел од тие терени не ги исполнуваат условите за телевизиски прегледи.

На табелата во Романија лидер е Клуж со 30 поени, по 26 имаат Стеауа и Универзитатеа.

Scroll to Top