Саудијската фондација PIF на чие чело е принцот Мохамед бин Салман наскоро и официјално би требало да го преземе сопствеништвото врз Њукасл Јунајтед.
Се очекува новото раководство да го „одврзе ќесето“, а се споменуваат и вложувања од околу 300 милиони фунти.
Речиси сигурно ќе биде прекината соработката со менаџерот на екипата, Стив Брус.
Медиумите на Островот пишуваат дека главен кандидат за новото тренерско столче е легендата на „чавките“, Кевин Киген кој досега веќе двапати беше на клупата на клубот на североистокот од Англија.
Киген има 69 години и се прослави како играч на Ливерпул, Хамбургер и Њукасл.
Како тренер работеше и во Фулам и Манчестер Сити, а беше и селектор на Англија.
На клупата на Њукасл бил 273-пати, имал 145 победи, 57 нерешени и 71 пораз.