Главниот доктор на ФИФА Мишел д’Ог жестокот се противи на идејата националните првенства кои се прекинати поради коронавирусот да продолжат. Крај на сезоната е прогласен во Белгија, Холандија и Франција. Таму фудбал сигурно нема да се игра доо септември.
„Предлагам, доколку тоа е можно, во наредните недели да нема фудбал. Треба да вложиме напори за да се подготвиме за почетокот на наредната сезона. Постои ризик, ризик со големи последици. Се работи за живот и смрт и поради тоа јас би постапувал внимателно по ова прашање. Ова го зборувам како лекар, а не како организатор на натпреварите. Од медицинска гледна точка скептик сум по прашањето околу продолжувањето на сезоната“, рекол Д’Ог.