Австралискиот тенисер Ник Кирјос го критикуваше својот австриски ривал Доминик Тим, кој изјави дека не планира да помогне финансиски на понискорангираните тенисери, велејќи дека „никој од нив нема да умре од глад“.
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ поведе иницијатива за формирање на фонд за помош на понискорангираните тенисери кои се најмногу погодени од недостатокот на парични средства по одложувањето на тениската сезона до средината на јули поради корона вирусот.
Тим ја отфрли оваа идеја во интервју за австрискиот весник „Кроне“ во неделата оценувајќи дека и нискорангираните тенисери добро заработуваат. Според Кирјос, ова е сосема погрешно разбирање на темата.
„Тој уште не разбира која е поентата. Ние кои сме на врвот на тенисот сме платени многу повеќе од неопходното и имаме доволно пари. Се работи за помош каде што навистина е потребна, а тој треба да се стави малку во нивна позиција“, вели Кирјос.
Тим не дава пари за послабите тенисери, биле непрофесионални