Откако се појавија вести дека дел од НБА тимовите и агенти на кошаркарите побарале од лигата да ја откаже сезоната, се јави и ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, кој вели дека тоа не е точно и дека „никој“ со кој тој зборувал не му кажал дека постои таква идеја.
„Некои медиуми објавија дека директорите и агентите сакаат да ја откажат сезоната? Тоа апсолутно не е точно. Никој кого јас познавам не кажал такво нешто. Кога ќе биде безбедно сакаме да ја завршиме сезоната. Јас и мојот тим сме подготвени. Никој не треба да откажува ништо“, напиша Леброн на Твитер.
Газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан, кој неколку пати инсистираше на тоа лигата да се комплетира, за „Си-Ен-Ен“ изјави дека „внимателен оптимист“ околу можноста сезоната да продолжи, а слична изјава дадоа и ко-сопственикот на Милвоки бакс, Марк Ласри и директорот на Сан Антонио спарс, Р.Ц.Бафорд.
Желбата на Џејмс за враќање може да се разбере – Лејкерси го имаа првото место во Западната конференција со 49-14 скор кога сезоната сопре на 11 март.
Saw some reports about execs and agents wanting to cancel season??? That’s absolutely not true. Nobody I know saying anything like that. As soon as it’s safe we would like to finish our season. I’m ready and our team is ready. Nobody should be canceling anything. ?
— LeBron James (@KingJames) April 30, 2020