Top Sport

Реал ќе започне со тренинзи на 11 мај

Раководството на Реал Мадрид забрзано работи на планот екипата да се врати во тренинг-центарот Валдебебас на 11 мај. Како што пишува „Марка“ менаџментот на Реал е во постојана комуникација со управниот одбор на Ла Лига и очекува да добие потврда околу предложениот датум.

Шпанија е една од државите со најголем број на заразени од коронавирусот во светот. Од овој викенд владата малку ги релаксираше мерките што треба да ги почитуваат граѓаните.

Сезоната во ла Лига е прекината на 13 март, Реал се наоѓа на второто место на табелата со два поени помалку од Барселона.

Според прогнозите на Првиот човек на Ла Лига Хавиер Тебас сезоната би можела да продолжи наредниот месец.

Scroll to Top