Top Sport

Хандановиќ ќе го продолжи договорот

Капитенот на Интер Самир Хандановиќ донел одлука да го продолжи договорот со клубот.

Актуелниот договор на Хандановиќ истекува наредното лето (2021 година), а според новиот тој на „Џузепе Меаца“ ќе остане уште најмалку една година, пишува „Кориере дело Спорт“.

Хандановиќ ќе има можност да го собори рекордот на Валтер Зенга според бројот на настапи за Интер. Зенга е рекордер со 328 натпревари, додека Хандановиќ досега бранел на 279 натпревар за Интер.

Scroll to Top